Столици

Splendida 2

Столиците датираат од 30-тите години на минатиот век. . Долги години го краселе домот на еден од првите скопски модни кројачи . Истите се редизајнирани така што дрвените површини се офарбани во златна боја додека пак во делот за седење е употребен најфин памучен плиш во сива боја . Во пределот на потпирањето употребен е свилен материјал во златносива боја и врз истиот е изработен рачен вез.

Цена : 12.000,00ден

Splendida 1

Столиците датираат од 30-тите години на минатиот век. . Долги години го краселе домот на еден од првите скопски модни кројачи . Истите се редизајнирани така што дрвените површини се офарбани во златна боја додека пак во делот за седење е употребен најфин памучен плиш во сива боја . Во пределот на потпирањето употребен е свилен материјал во златносива боја и врз истиот е изработен рачен вез.

Цена : 12.000,00ден

Satinrose

Дрвена столица од 70-тите години на минатиот век. Припагала на едно скопско семејство . Редизајнирана е така што дрвената конструкција по направената припрема , офарбана е во нежна ванила боја и надополнета со најфина волнена чоја во иста боја , во делот за потпирање. Додека, на делот за седење е аплициран рачно обработен сатен во пастелнорозева боја.

Цена : 10.000,00den 8.000,00ден

BELUCCI BLACK

И оваа столица потекнува од Скопје, од средината на 50-тите на минатиот век. Истата е редизајнирана во ист стил како и столицата BELUCCI WHITE само во мат-црна боја. Иако при редизајнирањето се поврзани во пар тоа не значи и дека неможе секоја сама да се носи во било каков амбиент од ултра модерен до класичен .

Цена : 12.000,00den

SKY

Столица од дрво , од Скопје , постара од 50 год. По неопходната припрема на дрвото истото е офарбано во многу актуелна небесносина боја со дел за седење обложен со памучен плиш во истата боја додека во делот за потпирање врз волнена чоја во боја на ванила е аплициран рачен вез со модерен дизајн

Цена : резервирана

LIMA

Столицата LIMA е наш нов производ. Изработена е од дрво во 50-тите години од 20 век. Потекнува од старо семејство од Прилеп. Редизајнирана е од Urbanold во смарагднозелена боја со памучен плиш во истата нијанса, со аплициран рачен вез!

Цена : 6.500,00

NOVEL

Дрвена столица од 60-тите години на минатиот век. Комплетно преработената дрвена конструкција е редизајнирана со седење изведено од природен материјал во кремасто бела боја со аплициран рачен вез . Дел e од колекцијата AMELIA EARHART.

Цена : 9.500,00

CANARY

Столицата е изработена од дрво, стара е околу 60год. и е дел од колекцијата AMELIA EARHART заедно со масата BIPLANE (види кај "маси ") , фотељата NOVEL како и шифоњерот AMELIA Со редизајнот е задржана оригиналната боја на дрвото со тоа што е комплетно репарирана додека седењето е изведено во патинасто жолта боја на плиш на кој рачно е аплициран вез со мотив кој соодветствува со темата но со намера е изведен во стил кој дава ведрина и наивност. Треба да задоволи потреби за храбри комбинации во просторот........

Цена : 7.200,00ден

CORAL

Оваа столица потекнува од Скопје , стара е повеќе од 60год. и е направена од дрво, Редизајнирана е во корално црвена боја со седење изработено во памучен плиш во истата боја. Идеално би се вклопила во модерно уреден простор за работа или пак за живеење.

Цена : 6.500,00ден