Плакари

Amelia

Стар двокрилен шифоњер од средината на минатиот век,рачно изработен од чамово дрво. Потекнува од Скопје од познато актерско семејство. Редизајниран е во капучино боја, со мат огледала на вратите со додатоци на фузирано стакло во портокалова боја во горните агли, фиока која внатрешно е обложена со плиш а надворешно со кожа и порцелански рачки кои го комплетираат севкупниот изглед.

Цена : 48.000,00ден.

Terra

Оваа комода/плакар е дел од комбиниран плакар од дневна соба кој потекнува од 50-тите години на минатиот век од Скопје. Изработен е од дрвен материјал обложен со фурнир орев кој е нежно иструган и врз кој е нанесена ретро портокалова боја . За него специјално се дизајнирани и високи коси ногари изработени од масив бука

Цена : 24.600,00

Vanila

Овој старински креденец изработен од чамово дрво од страна на столар од Охрид за потребите на неговото семејство пред повеќе од 70год.е редизајниран во нежна боја на ванила , патиниран и рачно насликан на внатрешната страна од горниот долап . Идеално би се вклопил во агол од некоја романтична кујна или пак под некој подлабок трем на летна кујна но исто така би бил соодветен за трпезарија во угостителски објект.......

Цена : 25,000,00ден

Orev

Плакар од масив орев , произведен 1926 год во Охрид од искусен столар за сопствена употреба. комплетно е освежен и заштитен со мат лак, модернизиран е во изгледот со додавање на маринско сина боја на фиоката , модерни рачки како и нови метални ногари кои уште повеќе го нагласуваат индустрискиот стил.

Цена : 67.650,00ден 65.500,00