Идеи за новогодишно декорирање на вашиот дом !

Мирис зачинет со цимет и мандарина? Убавината на Новогодишната елка? Убаво спакувани подароци под неа? Ова се само неколку од празничните радости кои сите нас не враќаат во детството. Колку порано го украсите својот дом – толку подолго можете да уживате во магијата на Новогодишните и Божиќните празници.
Дали ви е потребна идеа како да го украсите својот дом оваа година? За оние на кои имаат желба да ги променат традиционалните декорации за оваа Нова Година, неколку совети за декорирање на вашиот дом во рустикален стил.
Иако живееме во “урбана џунгла”, со мала инспирација можеме да создадеме атмосфера на пријатна планинска куќа, иста како оние некаде во подножјето на Алпите. Ова може да го направиме искористувајќи го ефектот на стари, истрошени, природни материјали (дрво, лен, памук), палета на воздржани природни бои и недовршени делови.
Ваквиот декор за миг ќе ве однесе на Алпите или некоја друга зимска приказна, и ќе ви овозможи празнична атмосфера.

This slideshow requires JavaScript.

 

0 comments on “Идеи за новогодишно декорирање на вашиот дом !Add yours →

Leave a Reply

Your email address will not be published.