Везот како начин на изразување

Везот како начин на изразување на идеите на UrbanOld, произлезе од нашата потрага по некои веќе заборавени вештини, од периодот во кој скоро секоја домаќинка го аплицираше на најразлични ткаенини до совршенство.

Со брзото темпо и инстант начин на живеење, полека но сигурно, рачниот вез одумира. UrbanOld фасциниран од времето, љубовта, умешноста, креативноста, внесени во везот, реши да аплицира елементи на вез во своите производи. UrbanOld досега има изработено повеќе фотелји и столици со рачно изработен вез.

Мотивите се од секојдневието, од природата, од луѓето, а притоа сме инспирирани од модерните форми и боите кои во одредениот момент се актуелни.

Секое парче се изработува со посебно внимание и љубов, и ефектот е очигледен.