КОМОДИ

SEDEF

Ова парче намештај е дел од голем плакар за дневна соба и потекнува од 50-тите години на минатиот век и потекнува од Скопје. При редизајнирањето е освежен неговиот основен изглед и само се додадени модерно/стилски ногари изработени од инокс како и прекрасни рачки во ист стил. Фиоките се обложени со памучен плиш во убава пурпурна боја. Намена: работна маса, комода за одлагање на секакви ситни работи во билокое катче во домот но и како тоалетна маса.

Цена : резервирана

Lilet

За оваа комода изработена од дрвен материјал, на која врз подлога од убава бела боја рачно е насликан тродимензионален цвет со акрилна боја во интензивна розово-циклама боја , е каректеристично тоа дека истата може да се користи и како сандак за одложување на сезонски работи во некој агол од спална или детска соба .

Цена : Изложена во Концептуалната продавница na PUBLIC ROOM (ул.50-та Дивизија бр.22)